СДСМ: ВМРО- ДПМНЕ повеќе не може да спречува дебата
Од партијата велат дека граѓаните на Република Македонија после цели 11 години узурпиран државен систем и заробени институции, ги чувствуваат придобивките од демократското владеење на новата реформска Влада...

Транспарентноста, отвореноста и демократскиот однос кон граѓаните и медиумската јавност што новата Влада ги покажува во своето работење за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се мисловна именка, реагираат од СДСМ.
Од партијата велат дека граѓаните на Република Македонија после цели 11 години узурпиран државен систем и заробени институции, ги чувствуваат придобивките од демократското владеење на новата реформска Влада предводена од СДСМ. Демократските процеси незапирливо продолжуваат во насока на спроведување на реформите што се во интерес на граѓаните и државата и што ќе донесат правда, еднаквост и квалитетн живот за сите, стои во дописот.
ВМРО-ДПМНЕ водена од Никола Груевски и во опозиција покажува автократски режимски манири што ги поседува и затоа бесрамно признаваат дека се против отворена дебата со граѓаните, невладините организации и целокупната јавност. ВМРО-ДПМНЕ не може да го замолкне гласот на граѓаните и на критичката јавност и да ја спречува дебатата како демократска вредност, соопштуваат од СДСМ.
