Предлогот за разрешување на Зврлевски стигна до Советот на јавни обвинители

09.06.2017 12:17

Членовите на Советот, предлогот за смена на првиот обвинител ќе го разгледуваат во вторник.

Предлогот на Владата за разрешување на Јавниот обвинител Зврлевски стигна до Советот на јавните обвинители.

Во него е наведено дека Зврлевски треба да биде разрешен, бидејќи незаконски и ненавремено ја вршел функцијата јавен обвинител.

Членовите на Советот, предлогот за смена на првиот обвинител ќе го разгледуваат во вторник.

Зврлевски, кој по фунција е член на Советот на обвинители, не смее да присуствува на седницата кога ќе се разговара за неговото разрешување.