Димитриев на распит во СЈО за случајот „Талир“
„Бев повикан во својство на осомничен и побарав увид во доказите“, изјави кусо Димитриев. Кажа дека после тоа ќе се произнесе за случајот, а дотогаш, како што рече, да оставиме постапката да тече.

Екс премиерот и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев беше на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Талир“. Во присуство на неговиот адвокат, Никола Додевски се задржа околу еден час.
„Бев повикан во својство на осомничен и побарав увид во доказите“, изјави кусо Димитриев. Кажа дека после тоа ќе се произнесе за случајот, а дотогаш, како што рече, да оставиме постапката да тече.
Во случајот „Талир“ осомничени се 11 лица дека сториле кривично дело- перење пари, при што 9 лица се осомничени како директни извршители, додека две лица се осомничени како помагачи за истото кривично дело.
