,,Прва шанса“ е шанса за младите
Од денеска до 26 февруари невработените лица може да конкурираат за две мерки.
За мерката субвенционирање на вработување на млади лица до 29 години, и мерката за обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување и обука за занимања од сообраќајната структура. Во новиот оперативен план за програми и мерки за вработување за 2014-та година за прв пат се воведува мерката субвенционирање на вработување на млади лица до 29 години- Прва шанса. Мерката има за цел побрз премин на дипломирани млади лица од образовниот процес до вработување.За реализација на оваа мерка се предвидени еден милион и 170 илјади денари. Втората мерка се однесува на обука за побарувани занимања на пазарот на труд од сообраќајната струка. Лицата кои успешно ќе ја завршат обуката, ќе се стекнат со право да полагаат возачки испит во лиценцирани испитни центри. Лицата ќе се стекнат со возачка дозвола за Д категорија, три месеци по полагањето на возачкиот испит, ќе имаат можност да се вработат кај заинтересирани работодавачи.
Дијана Ценевска
