„5 до 12“: Поддршка за изедначување на правата на лицата со посебни потреби

09.06.2017 14:43

Граѓанската иницијатива „5 до 12“ најавуваат хепенинг за в сабота во 18 часот, во паркот „Жена Борец“. Мотото на овој хепенинг е „Можеме, знаеме, умееме“. Од иницијативата бараат поддршка за изедначување на правата на лицата со посебни потреби.

Да се избрише границата од 26 години во законите за здравствено осигурување и социјална заштита, лицата со посебни потреби да имаат право на бесплатни лекови и на посебен паричен додаток и по навршување на оваа возраст. Потреба од дневни центри, персонални асистенти, социјално претприемништво. Ова се дел од барањата на граѓанската иницијатива „5 до 12“. Велат дека материјалот е обемен. Се чека од здруженијата кои немаат доставено да достават и други барања.

На овој хепенинг заеднички ќе покажеме и докажеме дека и ние можеме. Сите присутни ќе видат дека лицата со попреченост, хендикеп или посебни потреби можат да бидат еднакви, вели Суарет Алиша претставник од граѓанската иницијатива „5 до 12“.

Од здружението „Раст“ на министерката за труд и социјална политика и ги претставиле потребите.

Од иницијативата „5 до 12“ велат дека од 20- ти до 22- ри секој месец ќе продолжат да ги поставуваат шаторите, бидејќи со тоа само покажуваат дека се тука и дека знаат, можат и умеат.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска