Рурални иницијативи за вработување

09.06.2017 14:46

Единствениот проект „Рурални иницијативи за вработување“ на 60-ина млади од ранливите категории од Прилеп, Кривогаштани и Долнени е во завршна фаза. Стекнувањето со вештини и можности за вработување дава резултати зашто се остварени договори со бизнис секторот, сметаат партнерите во проектот...

Симона Јованоска е една од 60-те млади кои 18 месеци го поминуваа процесот на стекнување вештини за вработување преку единствениот проект на прилепскиот Центар за социјални работи и невладиниот Културен центар од Битола. Веќе има резултати.

Младите од ранливите категории од Долнени, Кривогаштани и Прилеп ги поминаа трите фази: стекнување меки вештини, обука за возачи и индивидуален кариерен развој за да им се зголемат шансите за вработување.

Остварени се контактите со бизниснис заедницата.

Според  организаторите, ова е модел за соработка на институциите со невладините организации кога се во прашање вработувањата на младите. Потребен е и дополнителен кадар.

Проектот „Рурарни иницијативи за вработување“ завршува овој месец и е во рамките на ИПА програмата за човекови ресурси при ЕУ.

 

Елизабета Митреска