Во СЈО распит на дел од осомничените за случајот „Талир“

09.06.2017 14:59

Екс премиерот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Димитриев, пратеничката Рангелова и поранешниот министер за транспорт и врски, Јанакиески на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Талир“. Побарале увид во доказите. 14-мина се осомничени за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Специјалното јавно обвинителство на распит се дел од осомничените во случајот „Талир“. Преостанатите, поради тоа што не ги примиле поканите се очекува да дојдат на распит в понеделник. Во обвинителството се појавија екс премиерот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, Даниела Рангелова и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Побараа увид во доказите. Откако темелно ќе ги разгледаат велат ќе се произнесат за случајот. Рангелова негира дека била вклучена во организирање уплати на донации за партијата.

Истрагата „Талир“ што ја отвори Специјалното јавно обвинителство се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ за периодот од 2009- та до крајот на 2015- тата. Осомничени се 14 лица.

СЈО бараше замрзнување на имотот на ВМРО- ДПМНЕ, вклучително и на партиското седиште, а судот го одби барањето.

 

Викторија Милевска