Метео: Утре сончево, во недела дожд

09.06.2017 14:19

Од понеделник се очекува стабилно сончево и потопло време.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Кон крајот на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со дожд и ретки грмежи.

Во недела на повеќе места се очекуваат врнежи,а можна е и локална појава на невреме.

Од понеделник се очекува стабилно сончево и потопло време.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска