Тевдовски: Реформи за раздвижување на економијата
Македонија го почнува циклусот економски реформи како земја кандидат за членство во Европската унија. Од Министерството за финансии велат дека со овој процес Европската комисија ги поттикнува земјите на Западен Балкан интензивно да работат на економскиот раст и конкурентноста. Целта е да се имплементираат научените лекции од минатите години, да има подобување онаму каде што имало слабости, а да се зајакнат добрите страни.

Стагнацијата на македонската економија и нула стапка раст на Бруто домашниот производ во првото тромесечје годинава е очекувано поради кулминацијата на политичката криза и стагнација на јавните инвестиции во градежништвото- оценуваат економските експерти. Министерот за финансии од јуни најавува раздвижување на економијата со подршка на Европската Унија.
„Голем оптимизам дека од јуни работите ќе се движат во позитивна насока, од разговорите со фирмите гледаме дека инвестиционата активност се придружува, се гледаат првите показатели околу приходите и ако продолжиме да ги правиме вистинските реформи и земјава ќе оди во вистинска насока“, вели Драган Тевдовски, министер за финансии.
На економијата ѝ е потребен нов бран оптимизам што со реализиација на ветувањата треба да го поттикне новата Влада. Според одредени пресметки, потенцијалот на македонската економија се движи околу четири насто- анализира професорот Петревски.
„Некои пресметки говорат дека потенцијалот на економијата се движи околу четири насто, но она што може да биде реализирана стапка е над тој процент зависно од политиките кои ќе ги води владата, но ќе видиме кои ќе бидат тие политики и ние треба поповолно, регионално и глобално опкружување што мислам дека тешко ќе се случи во следните една, две години“, вели професорот Марјан Петревски.
Досега градежниот сектор беше локомотива на растот, но со краткотраен ефект, извозот носи долгорочен раст, посочува професорот Тренковски. Очекува нови мерки за подршка на домашните компании и за влезот на странски инвестиции.
„Без градежниот сектор растот беше под единица, меѓу 0,5 и 0,7 што покажуваше дека главен фактор беше градежништвото, а сега го немавме и сѐ уште има трубуленции. Бизнис секторот е во исчекување кои ќе бидат новите мерки на владата, неизвеснота уште определен период може да трае, но не предолго, зашто нашите трговски партнери имаат позитивни трендови, а нашата странска побарувачка ќе биде позитивна во идниот период“, оценува професорот Борче Тренковски.
Импементацијата на еконосмките реформите е клучна, во новата програма да се фокусират кон пазарна ориентација, помалку на јавните инфраструктурни инвестиции, својсвени за минатиот период, порачаа од Европската комисија.
„Треба да се утврдат главните пречки и ограничувања и да се утврди на кои главни проблеми да се даде приоритет, и да се даде акцент на регулаторната рефрома и пазарната ориентација, а помалку на јавните инфарструктурни инвестиции“, посочи Вилем Ное, директорат за соседска политика и преговори на ЕК.
Министерството за финансии го отвори процесот за изработка на Програмата за економски реформи за периодот 2018- 2020, што треба да биде основа за клучлните реформски процеси на Владата.
Сузана Фиданска- Стоевска
