Ресурсите со кои располага Македонија ќе се промовираат во Русија

09.06.2017 15:55

Македонија ќе се промовира во Русија. Подготвен илустриран водич на стопанските субјекти...

Традиционалната храна, природните убавини, ресурси со кои располага Македонија ќе се промовираат пред руските бизнисмени, посетители, туристи. Илустрираниот водич на стопанските субјекти и можните потенцијали ќе ја продлабочат соработката меѓу Руската Федерација и Македонија.

Амбасадорот Шчербак, потенцира дека Руската Федерација е отворена за соработка со Македонија и ќе направи сѐ што е во нејзина моќ таа да се унапредува. Тој ирази надеж дека ќе се возобнови Руско- македонската меѓувладина комисија за трговско, економска и научно- техничка соработка.

Традиционалната македонска храна е во фокусот на петтото издание на каталогот „По еден пат со светот- Русија и Македонија“.

Наташа Јанчиќ