Нов обид за продолжување на породилното
Нашата цел не е да ја превземеме граѓанската иницијатива, туку преку овие законски измени да ја забрзаме постапката и да им помогнеме на мајките кои што одново треба да ја повторуваат целата постапка...

Пратенички од ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат измени на Законот за работни односи за продолжено породилно отсуство за идните мајки. Велат- идентичен е со оној на граѓанската иницијатива која од надлежната собраниска комисија беше одбиена поради неуредност.
„Нашата цел не е да ја превземеме граѓанската иницијатива, туку преку овие законски измени да ја забрзаме постапката и да им помогнеме на мајките кои што одново треба да ја повторуваат целата постапка која што ќе трае подолго време и повторно ја поднесат иницијативата до Собранието на Република Македонија“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова.
Иако, сите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците ја поздравија граѓанската иницијатива од страна на мајките кои што бараа продолжување на породилното отсуство сепак оваа иницијатива беше одбиена од страна на СДСМ како неуредна, изјави Исмајлоска- Старова.
