Граѓаните на Богданци против изградба на рудници
Богданци кажа „не“ за работата на рудникот Казандол и за отворање на други рудници во околината. Според информациите од Општинската изборна комисија, до 19 часот гласале 61,16 насто од гласачите, и над 90 проценти заокружиле против...

Жителите на Богданци се изјаснат против продолжување со работа на рудникот за бакар „Казандол“ и не подржуваат отварање на рудници на нивната територија. Гласањето се одвивало без проблеми во најдобар ред. Околу седум илјади жители имаа право на референдумското изјаснување. Се гласаше на 12 избирачки места.
Жителите на Богданци сметаат дека по оваа прашање за кое се изјаснуваат е од голема важност за нив и за идните поколенија.
За успешно спроведување на референдумот неопходно е на гласањето да излезат најмалку половина плус еден од запишаните избирачи. Донесената одлука е обврзувачка за општинските власти.
За рудникот „Казандол“, на 18-ти јуни, на референдум ќе излезат и жителите на општина Дојран, а во постапка за референдум се и граѓаните на Валандово.
Првиот ваков референдум на локално ниво се спроведе во Гевгелија, каде што речиси 70 насто од граѓаните се изјаснија против отворање рудници на планината Кожув.
Наташа Гркова- Петрушевска
