Коалицијата ПАН на Тачи и Харадинај победник на изборите во Косово
Лидерот на ПДК, Весели некаде пред полноќ прогласи победа на коалицијата ПАН, која на зборите настап под слоганот „Време е за нов почеток“, при тоа заблагодаруваќи им се на сите граѓани во земјата за учеството на изборите.
Коалицијата ПАН, составена од Демократската партија на Косово (ПДК) на Кадри Весели, чиј поранешен лидер е косовскиот претседател Хашим Тачи, Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Иницијатвата за Косово на Фатмир Лимај. победи на вчерашните косовски предвремени паламентарни избори.
Oваа изборна коалиција доби 34,6 отсто од гласовите, пред Движењето „Самоопределување“ со 26,2 проценти, додека коалицијата на Демократски сојуз на Косово (ЛДК) на премиерот Иса Мустафа и Алијансата за Ново Косово (АКР) на Беџет Пацоли е трата со 25,8 отсто. Српската листа (СЛ) освои околу 4 проценти ос гласовите, додека сите останатите партии вкупно 9,5 отсто.
Лидерот на ПДК, Весели некаде пред полноќ прогласи победа на коалицијата ПАН, која на зборите настап под слоганот „Време е за нов почеток“, при тоа заблагодаруваќи им се на сите граѓани во земјата за учеството на изборите.
Им благодарам на граѓаните на Косово, на нашата партија и коалиција и на сите меѓународни и домашни набљудувачи за успешните избори. Горд сум за денешната победа, напиша Весели на Твитер.
Врз основа на коалицискиот договорот, со победата на ПАН, мандатар за формирање нова влада на Косово ќе биде поранешниот премиер Рамуш Харадинај.
