Тереза Меј ја претстави новата влада
12.06.2017 10:19
Меј ќе управува со малцинска влада, која во Долниот дом ќе биде поддржувана од северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП)...

Британската премиерка Тереза Меј ја претстави новата Влада со министри од својата Конзервативна партија, која на предвремените парламентарни избори од 8-ми јуни освои најмногу пратенички места, но го загуби мнозинството во Парламентот.
Меј ќе управува со малцинска влада, која во Долниот дом ќе биде поддржувана од северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) кои ќе се вклучуваат само во расправи за витални прашања во политиката.
