Партијата на Макрон води во првиот круг од парламентраните избори
12.06.2017 11:36
На второ место е конзервативната партија Републиканци со 21 отсто, а екстремно десниот Национален фронт доби поддршка од околу 13 проценти од граѓаните.

Блокот на партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Републиката во движење и на Демократското движење води по првиот круг од парламентраните избори во Франција, со освоени околу 32 отсто од гласовите.
На второ место е конзервативната партија Републиканци со 21 отсто, а екстремно десниот Национален фронт доби поддршка од околу 13 проценти од граѓаните.
Ова е првпат од 1959 година, излезноста во првиот круг да биде помала од 50 отсто. Во вториот круг на 18 јуни, учествуваат само кандидатите кои во првиот освоија над 12,5 отсто од гласовите.
