Порторико сака да стане 51-ва држава на САД
12.06.2017 12:28
Жителите на островот на кој се говори шпански, се граѓани на САД, но имаат ограничени избирачки права и претставување во Конгресот...

Жителите на Порторико гласаа земјата да стане 51-ва сојузна држава на САД на референдумот за статусот на карипскиот остров кој се справува со долгови.
На гласањето кое е со необврзувачки карактер, граѓаните бираа меѓу независност, целосно членство во составот на САД или задржување на сегашното статус кво, кое датира од 1898 година.
Жителите на островот на кој се говори шпански, се граѓани на САД, но имаат ограничени избирачки права и претставување во Конгресот кој е единственото тело со право да го смени статусот на Порторико.
