Републиката на Макрон е во движење, но французите се многу поделени
Помалку од секој втор француски избирач излезе да гласа во неделата, на првиот круг од парламентарните избори. Чистата победа на про- Mакроновата партија „Републиката во движење“ не ги крие фрактурите на француското општество.

Со 32,3% од гласовите, и проекција која и дава помеѓу 400 и 455 пратеници (289 апсолутно мнозинство од 579 пратенички места), партијата создадена од претседателот Емануел Макрон „Републиката во движење!“ , вчера стана на најсилна политичка партија во Франција.
Премиерот Едуар Филип е свесен за големиот број на апстанционисти, 51,29 отсто од гласачите
„И покрај апстнационистите, пораката на французите е јасна. По трет пат последователно вие бевте повеќе милиони кои ја потврдивте вашата привзразност кон проектот за обнова, собирање и освојување на претседателот на Републиката“, рече премиерот Филип.
Конзервативците од партијата на Републиканците со 21,56% од гласовите можат да се надеваат на 70 до 130 седишта, а Националниот фронт со 13,20% од гласовите меѓу 1-10 седишта. Марин Ле Пен се надева дека со оглед на демобилизацијата на избирачите, нејзините канидати имаат резерва на гласови.
„Ги повикувам сите патриоти да излезат пред урните идната недела и да да дозволат максимален број од напшите канидати се најдат во националното собрание“- изјави Ле Пен.
Голем губитник на ови избори е Социјалистичката партија.
„Не е здраво, нио посакливо, да еден претседател кој освои само 24 отсто од гласовите при првиот круг од изборите и кој беше избран во вториот круг со отфрлање на крајната десница, да располага со монопол во националното собрание“, изјави Жан Кристоф Камбаделис, прв секертар на Социјалистичката партија.
Бунтовна Франција на Жан Лук Меланшон има околу 14 отсто од гласовите и може да има од 10 до 23 пратеници, задоволен дека ја подкопа и сруши социјалистичката партија.
„Социјалистичката партија беше отстранета од избирачите, не од мене. Ниту од моите пријатели. Но ние ја држиме позицијата на повеќе места каде крајната десница ја водеше играта, имам впечаток дека сега се отвора за нас можност да направиме пресврт и да ја извадиме Мадам Ле Пен од играта“, рече Меланшон.
Партијата на претседателот Емануел Макрон, Републиката во движење, идната недела ќе треба да ја потврди победата од првиот круг на парламентарните избори.
Емануел Макрон сигурно дека ќе располага со огормно мнозинство во францускиот Парламент, скоро без опозиција. Но, опозицијата може да дојде од улицата, бидејќи повеќе од 50 отсто од гласачите не се појавија пред урните.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
