Котевски во СЈО на распит за случајот „Талир“

12.06.2017 14:58

Директорот на Центарот за комуникации, Котевски по распитот изјави дека побарал увид во доказите, но и дека е очигледно оти СЈО дејствува како партиска испостава на СДСМ.

И денеска во Специјалното јавно обвинителство на распит неколку функционери на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Талир“. Директорот на Центарот за комуникации, Котевски по распитот изјави дека побарал увид во доказите, но и дека е очигледно оти СЈО дејствува како партиска испостава на СДСМ.

„Побаравме увид во доказите. Денеска не ни беа презентирани никакви докази, па остнаува друг ден да видиме со какви списи и со какви докази дали воопшто располага СЈО. Од тоа што досега можеме да го видиме, како општ заклучок може да се изведе дека работи исклучиво како партиска испостава на СДСМ“- рече Котевски.