Сертификат- гаранција за квалитет на градежните материјали

12.06.2017 15:50

Наместо АТЕСТ на секои шест месеци производителот сам ќе издава потврда за квалитет за својот производ. Новиот начин на контрола го наметнуваат законските корекции за градежни производи. Според статистиките, во последните три години двојно е зголемено производството на варовнички камен и бетон.

Производителите на агрегати што се користат за градежни материјали, сами ќе гарантираат за квалитетот на производот. Во сопствена или друга сертифицирана лабораторија ќе ги вршат проверките. Наместо досегашниот АТЕСТ со „изјава за својства“ ќе докажат дека сообразноста на производот е во согласност со националните стандарди. Новите законски корекции треба да го поедностават процесот на пласман, да помогнат во надминување на нелојалната конкуренција- велат менаџерите и надлежните.

„Законот дава голема одговорност на производителот во поглед на конторлата на квалитетот. Имлементацијата обврзува во целост производителот да е одговорен за производството, оценувањето и потврдување на сообразноста на градежниот производ. Но, за да може да изготви изјава со која ке го пласира производот, мора да поседува сертификат за сообразност на фабричка конрола на производство“, вели Никола Крајчевски од Групацијата за бетон агрегати при Стопанската комора.

100- тина фирми во државава вадат речен песок, експлоатираат камен. Во последните две години, драстично било зголемено производството на агрегати за производство на агрегати за градежна индустрија. Странските инвестиции и изградба на патна инфструктура го раздвижиле пазарот, велат од Стопанската комора.

„Само за мала споредба, во 2012 година имавме поизводство на околу 60.000 тони кршен или дробен камен, во 2013-та година околу 100.000 тони. Проценка е дека од речните корита се вадат 200 до 300 илјади кубни метри речен материјал кој се обработува во сепарациите и се пласира на градежниот пазар. Има зголемување и на производството на бетон на околу 176 илјади тони во 2010 година, додека во 2016 се произведени 340.000 тони. Истото се случува и во производството на малтери од кои во 2010 се произведени 58.000 тони, а лани околу 82 илјади тони“, посочува Марија Петровска од Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Новите законски корекции се веќе применливи, се врши обука на производителите, и пазарната инспекција останува вклучена во контролата на квалитетот на производот.

 

Сузана Фиданска- Стоевска