Матурантите полагаа математика
Матурантите полагаа математика, третиот предмет од државната матура. На 14-ти јуни ќе бидат тестирањата по екстерните предмети естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис. Прелиминарните резултати треба да бидат објавени најдоцна до 14-јули.

По македонски и странски јазик, матурантите на испит по математика. Го полагаа третиот екстерен предмет од државната матура. Се пријавија 2.070 кандидати. Дека математиката не е лесна како јазиците, покажува времетрањето на испитот. На матурантите им требаше повеќе од три часа за да ги решат задачите.
Средношколците ги добија тестовите, матурата почна навреме. Годинава најголем интерес кај матурантите има за полагање на англискиот јазик, во дел од гимназиите расте интересот и за математиката.
Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14-ти јуни, а најголем дел од учениците се пријавиле да го полагаат предметот бизнис.
Прелиминарните резултати ќе бидат објавени по еден месец.
Викторија Милевска
