Најсјајното одличје на градите на Френцел
12.02.2014 14:33
Ерик Френцел го освои златниот медал во првиот настан во нордиска комбинација, со маестрален најдолг скок од 103 метри на малата скокалница и со фуриозен финиш на 10 километарската крос кантри трка.
Германецот имаше импресивен настап и го оправда епитетот, со кој што допатува во Сочи. Лидерот во тековната сезона и актуелен победник од минатата во светскиот куп, ја имаше улогата фаворит број 1.

Зад Френцел остана Акито Ватабе, кој што е второпласиран и во светскиот куп, а на Јапонија и го донесе првиот медал во нордиска комбинација по 1994-та. Бронзата ја освои Норвежанецот Магнус Крог.
На 18-ти е настапот на големата скокалница во комбинација со 10 километарската крос кантри трка, а на 20-ти февруари е последниот, тимскиот и можеби највозбудливиот настан во нордиска комбинација.