Заев на средби со врвот на ЕУ и на НАТО, Брисел бара резултати

12.06.2017 17:10

Премиерот Зоран Заев со владина делегација во прва, официјална посета на Брисел. Имаше средби со Доналд Туск, Федерика Могерини, Јоханес Хан и Јенс Столтенберг. Порача дека владата е решена да го забрза евроинтегративниот процес, да направи прогрес во клучните реформски области за да се обнови препораката, апелираше билатералните прашања да не ја кочат нашата интеграција. Официјален Брисел бара резултати...

Во фокусот на состанокот со генералниот секретар на Алијасата било изнаоѓањето на решение за деблокирање на членството на Македонија во НАТО. Владината делегација од своја страна ја презентирала решеноста за унапредување на добрососедските односи врз основа на взаемно почитување, опредлбата да се продолжи со придонесот во мисиите на Алијасата како и заложбите да се обезбедат сите потребни предуслови за натамошно осовременување на АРМ, согласно стандартите на НАТО.

„Политиката на НАТО за отоворена врата се уште останува отворена, ние ги поддржуваме сите нации во нивниот пат за членство во Алијансата. Како и сите заемји- аспиранти, важно е да се има фокус на реформските агенди и да се обезбеди политичка стабилност. Можеби постојат пречки кои треба да се надмидат, меѓутоа се може да се исполни. Вашата земја веќе е важен партнер, веќе со години вашите војници служат во Авганистан. Во исто време добредојдено е интензивирањето на разговорите со Грција за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за името“, нагласи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Инаку, во текот на денот премиерот Заев оствари средби со вискоите европски претставници, шефицата на европската дипломарија Федерика Могерини, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, кој претходно во текот на денот презентирајќи ги состојбите во државите од Западен Балкан истакна дека Република Македонија ја надминала политицката криза, но тоа е само почеток.

Очекувањата на европските претставници се стабилизација и нормализација на состојбата во државата, и инклузивна соработка на политичките субјекти. Како што истакна премиерот Заев, целта е воведување на нова динамика во евроинтегративниот процес, кој ќе резултира со обновена препорака за почнување на преговори како стратешка цел на земјата.

„За нас членството во ЕУ нема алтернатива и е клучен стратешки приоритет на Македонија. Имаме за цел почеток на преговорите за членство што побрзо. Сосема ми е јасно дека поддршката од Унијата треба да се оправда со вистински резултати дома, а кои ќе бидат насочени кон јакнење на судството, владеењето на правото и на реформи во јавната администрација. Владата ќе треба да направи напор во отворен дијалог со опозицијата и со граѓанското општество за да се направи исчекор напред“, изјави премиерот Заев.

На прес- конференцијата во Брисел, тој порача дека владата веднаш се зафатила со реформските процеси и конкретна агенда која ќе го деблокира напредокот за членство во ЕУ. Прв чекор е изнаогање на решение за отворање на поглавјата 23 и 24 како суштински во процесот на пристапување.

„Експертот Прибе ќе ја посети земјата во следните денови и ќе се врати во јули со тим со цел да ја советува новата Влада за справување со прашањата од областа на владеењето на правото. Сепак, најважни се имплементацијата на сите делови на договорот од Пржино и на Итните реформски приоритети. Не за да ја задоволите Комисијата и ЕУ, туку вашата земја и граѓаните. Ова е есенцијално за земјата да се врати назад на евро-интеграцискиот пат. Се надевам дека ќе се најде решение за името. Ова нема да биде лесно, многу луѓе долги години се обидуваа да пронајдат решение. Сепак, сега има нов моментум и јас сум убеден дека оваа ситуација може да се искористи за да се направи напредок. Во однос на отворањето на преговорите или поглавјата, е потребна согласност од сите земји- членки, затоа и треба да се најде решение кое е приофатливо за исте“, истакана Јоханес Хан.

Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини изрази цврста поддршка на реформските напори на новата Влада и најави дека Македонија има силен сојузник во ЕУ при спроведување на реформите. Пораката од шефицата на европската дипломатија е дека ако реформите бидат спроведени Европската унија е подготвена да возврати.

Европските претставници посебен акцент ставија на унапредување на добрососедските односи. Во тој контекст е и официјалната посета на шефот на македонската дипломатија во Атина, како и веќе најавената средба на премиерско ниво меѓу Македонија и Бугарија.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан допсиник од Брисел за МРТ