ВМРО-ДПМНЕ: Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ

12.06.2017 17:22

Според партијата, критериумите се одамна исполнети. Велат дека не смее да се отстапи од највисоките државни и национални интереси, членство во евроатлантските структури и одбрана на идентитетот.

Република Македонија треба да стане членка на НАТО и на ЕУ веднаш и без одложување, побара ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, критериумите се одамна исполнети. Велат дека не смее да се отстапи од највисоките државни и национални интереси, членство во евроатлантските структури и одбрана на идентитетот.

„Доколку процесот не беше непринципиелно и неправедно блокиран од страна на нашиот сосед Грција, ние ќе бевме рамноправен парнер во НАТО, бидејќи покажавме и капацитет и волја. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите напори на своите меѓународни пријатели да им ја објасни дека неправдата и е нанесена на Република Македонија. Очекуваме дека и Зоран Заев и неговата влада ќе го исполнат ветувањето кое што им го дадоа на граѓаните на Република Македонија за брз влез во НАТО и брз влез во ЕУ, притоа да не се задира во идентитетските прашања и да не се прават договори на штета на македонскиот народ и македонската држава“- изјави Влатко Ѓорчев на денешната прес конференција на партијата.