„Вашингтон пост“: Тужба против Трамп
12.06.2017 17:35
Доколку сојузниот судија дозволи покренување постапка, јавните обвинители Кари Рејсин и Брајан Фрош прво ќе бараат да се објасни даночната пријава на Трамп...

Според „Вашингтон пост“, државните обвинители на американската држава Мериленд и главниот град Вашингтон планираат да поднесат тужба против претседателот на САД Доналд Трамп, поради непочитување на антикорупциските уставни одредби, примајќи милиони долари од странски влади.
Доколку сојузниот судија дозволи покренување постапка, јавните обвинители Кари Рејсин и Брајан Фрош прво ќе бараат да се објасни даночната пријава на Трамп, со што ќе се утврди обемот на странските трансакции во рамките на неговиот бизнис.
