Патот Маврово - Дебар кај Мелнички мост во прекин од 13 часот
13.06.2017 08:22
Прекинот, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, е поради изведување градежни работи.

Патниот правец Маврово - Дебар на делот од Мелнички мост до селото Долно Косоврасти денеска од 13 до 17 часот ќе биде во прекин во двата правца.
Прекинот, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, е поради изведување градежни работи.
На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
