УХМР: Сончево и топло до 34 степени и УВ индекс 9

13.06.2017 08:25

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 33 степени.

Од среда во попладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни.