Венецуела: Демонстранти ја запалија зградата на Врховниот суд во Каракас

13.06.2017 10:21

Судот често пати ги поништувал одлуките на Парламентот, вклучувајќи ја и онаа за смена на шефот на државата.

Со молотови коктели, демонстрантите во Каракас ја запалија зградата на Врховниот суд, еден од главните инструменти на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во борбата против опозицијата, која има мнозинство во Парламентот по изборите во 2015 година.

Судот често пати ги поништувал одлуките на Парламентот, вклучувајќи ја и онаа за смена на шефот на државата.

Досега во антивладините протести загинале од 67 до 80 лица, повредени се над 1.300, а повеќе од 3.000 се уапсени.