Извештајот за напредокот на Македонија пред европратениците
Во нацрт- резолуцијата за Македонија се посочува дека земјата треба да го продолжи патот кон ЕУ и да преземе решителни реформи во сферите на владеењето на правото, правосудството, корупцијата, човековите права, внатрешните работи и добрососедските односи.

Европскиот парламент ќе ги разгледа извештаите за напредокот на Македонија, Србија и Косово на патот кон Европската унија.
Во нацрт- резолуцијата за Македонија се посочува дека земјата треба да го продолжи патот кон ЕУ и да преземе решителни реформи во сферите на владеењето на правото, правосудството, корупцијата, човековите права, внатрешните работи и добрососедските односи.
За резолуцијата ќе се гласа утре напладне. Ја предложи словенечкиот европратеник Иво Вајгл и е на дневен ред за гласање заедно со резолуциите за Србија и за Косово.
Не е предвидена дебата, бидејќи европратениците веќе расправаа за извештајот и за ситуацијата во Македонија за време на мајската сесија, откако претходно беше одложено гласањето, сѐ додека не се разјасни политичката ситуација во државава.
Со резолуцијата уште еднаш се препорачува започнување на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.
