Советот на јавни обвинители расправа за разрешувањето на Зврлевски
Советот има рок од 15 дена од добивање на решението да достави до Владата образложено писмено позитивно или негативно мислење, по предлогот за разрешување на јавниот обвинител. Но, мислењето на Советот не е обрзувачко...

Владиниот предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски на седница на Советот на јавните обвинители. Мнозинството членови сметаат дека Советот треба да се произнесе со став, и покрај тоа што има такви кои мислат дека топката треба да се префрли на Собранието, без конкретни мислења.
Советот има рок од 15 дена од добивање на решението да достави до Владата образложено писмено позитивно или негативно мислење, по предлогот за разрешување на јавниот обвинител. Но, мислењето на Советот не е обрзувачко, за разлика од постапката за избор, каде што доколку не се даде позитивно мислење за ниту еден од кандидатите, се објавува нов оглас.
Владата во минатиот понеделник донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски со образложение за незаконско и ненавремено извршување на функцијата.
