Утре во Атина средба Димитров- Коѕиас

13.06.2017 10:58

Според грчките медиуми, се очекува на маса да бидат мерките за градење доверба и начините на кои може да се продлабочи билатералната соработка меѓу двете земји.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров утре во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас. Засега официјално нема детали за средбата, ниту кои ќе бидат темите за кои ќе се разговара.

Според грчките медиуми, се очекува на маса да бидат мерките за градење доверба и начините на кои може да се продлабочи билатералната соработка меѓу двете земји.

Пред посетата на Атина, Димитров во интервју за „Фајненшл Тајмс“ изјави дека Македонија ја разгледува можноста за користење на привремената референца за членство во НАТО.

Официјална Атина, пак, останува на својот цврст став дека Македонија не може да стане членка на НАТО без претходно да се реши прашањето за името.