„Иванов“ од Чехов за крај на МНТ Фест

13.06.2017 11:03

Насловната улога ја игра Никола Ристановски, режија е на Татјана Мандиќ-Ригонат. „Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов, а праизведбата била во 1887 година.

Вечерва се затвора четвртото издание на меѓународниот фестивал МНТ Фест. Завесата се спушта со гостувањето на Народно позориште од Белград со претставата „Иванов“ од Антон Чехов.

Насловната улога ја игра Никола Ристановски, режија е на Татјана Мандиќ-Ригонат. „Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов, а праизведбата била во 1887 година.

Годинашниот МНТ Фест се отвори на 3-ти јуни со премиерата на „Ничија Земја“ во режија на Александар Морфов.

Мотото на фестивалот е „Создаваме на светов убавина“.