ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат членство во НАТО и ЕУ без да се задира во идентитетот
Заев им вети на граѓаните брзо членство во ЕУ и нато, без да се задира во идентитетските прашања и без да се прават договори на штета на македонскиот народ и држава, стои во дописот.

Посетата на Заев во Брисел не смее да се сведе само на одмрзнување на препораката за старт на преговорите за членство. Република Македонија осум години по ред добиваше позитивна препорака која последните две години беше условена токму заради политичката криза во која што СДС ја втурна државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев им вети на граѓаните брзо членство во ЕУ и нато, без да се задира во идентитетските прашања и без да се прават договори на штета на македонскиот народ и држава, стои во дописот.
СДС не треба да молчи и да се обесхрабрува пред повторувањето на грчките црвени линии, според кои нема членство во НАТО сѐ додека не се реши проблемот кој Грција го има со нашето име.
Министерот за надворешни работи не смее да дава конфузни изјави во странски медиуми што ги вознемируваат граѓаните и отвараат сомнеж дека СДС размислува за промена на уставното име.
Ваквите изјави може сериозно да ги загрозат македонските преговарачки позиции, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
