СДСМ: Ќе се отворат евро-атлантските перспективи и ќе има повисок животен стандард

13.06.2017 11:33

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, штитејќи ги сопствените криминални интереси и спротивно на државните интереси, работеше на изолација на Македонија, оддалечувајќи ја од демократскиот свет, стои во дописот.

ВМРО-ДПМНЕ имаше цели 11 години да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, но тие одлучија да ги осиромашуваат за сметка на криминалното богатење на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, штитејќи ги сопствените криминални интереси и спротивно на државните интереси, работеше на изолација на Македонија, оддалечувајќи ја од демократскиот свет, стои во дописот.

Преку отворен и конструктивн дијалог со опозицијата и граѓанското општество, владата предводена од СДСМ посветено ќе работи на отворање на евро-атлантските перспективи и на исполнување на зацртаните цели кои ќе овозможат минимална плата од 12 илјади денари до крајот на годината и 16 илјади денари до крајот на мандатот, се вели во соопштението на СДСМ.