„Дејли Телеграф“: Конзервативците и Лабуристите водат тајни разговори за поедноставен Брегзит

13.06.2017 11:35

Се очекува Лабуристите да издејствуваат завршување на седумгодишните остри мерки на штедење и буџетски кратења, како и за одмрзнување на платите на вработените во јавниот сектор...

Според „Дејли Телеграф“, министри во британската Влада водат тајни разговори со пратеници на опозициската Лабуристичка партија за обезбедување меѓупартиска поддршка за поедноставен процес за Брегзит.

Се очекува Лабуристите да издејствуваат завршување на седумгодишните остри мерки на штедење и буџетски кратења, како и за одмрзнување на платите на вработените во јавниот сектор, што опозицијата го заговараше и во текот на изборната кампања.