САД: Постигнат договор за новите санкции кон Русија
13.06.2017 12:02
Целта на договорот е да ја казни Русија поради нејзиното наводно мешање во предизборната кампања за претседателските избори во САД...

Американските сенатори постигнаа договор за законодавството, со кое се воведуваат нови санкции кон Русија, во кое е вклучена е одредбата, со која Белата Куќа се спречува да ги ублажи, суспендира или укине санкциите без одобрение на Конгресот.
Целта на договорот е да ја казни Русија поради нејзиното наводно мешање во предизборната кампања за претседателските избори во САД, анексијата на Крим и поддршката на сириската влада во текот на шестгодишната граѓанска војна во таа земја.
