Напад во метро во Минхен, повредени неколку лица

13.06.2017 12:09

Полициски службеник е во критична состојба поради повреда во вооружен напад во Минхен. Азилантот кој повреди уште неколкумина со службениот пиштол на полицајката е уапсен. Нападот не се третира како терористички акт.

Неколку лица се повредени, вклучувајќи и полицајка, во пукотници во метро во Минхен. Нападот се случил откако 37-годишен азилант и го грабнал пиштолот на офицерката за време на рутинска контрола на станицата и почнал да пука кон неа и случајните минувачи. Осомничениот е притворен, а властите сооптшија дека не постои опасност за граѓаните. Нападот не се третира како терористички чин.

„Напаѓачот имал лични причини за инцидентот. Ние не утврдивме ни верска ни политичка позадина“, изјави Маркус Мартинс, портпарол на полицијата.

Линијата која минува низ Унтерферинг е една од главните рути кон аеродромот. Сличен инцидент се случи и лани кога психички растроен маж со нож усмрти едно, а повреди три лица на железничката станица во Графинг.

 

Маја Филдишев