Советот на јавни обвинители го прифати предлогот за разрешување на Зврлевски
Советот на јавни обвинители го прифати владиниот предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Минатиот понеделник Владата реши да поведе постапка за разрешување на Зврлевски со образложение за незаконско и ненавремено извршување на функцијата...

Советот на јавни обвинители го прифати владиниот предлог за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.
Според процедурата, Советот на јавните обвинители мислењето за разрешување на Зврлевски треба да го врати до Владата, а предлогот за разрешување да го испрати до Собранието. Собранието може да го разреши Зврлевски со мнозинство од 61 глас, а потоа да распише оглас за избор на нов Јавен обвинител.
Владата во минатиот понеделник донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски со образложение за незаконско и ненавремено извршување на функцијата.
