Матис: Северна Кореја е најголема закана за мирот
13.06.2017 14:06
Матис истакна дека Северна Кореја ја зголемува брзината и обемот на својата нуклеарна програма, за која севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун изјави дека еден ден ќе биде во состојба да лансира бомба кон САД.

Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис изјави дека Северна Кореја претставува најургентна закана за меѓународниот мир и безбедност.
Матис истакна дека Северна Кореја ја зголемува брзината и обемот на својата нуклеарна програма, за која севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун изјави дека еден ден ќе биде во состојба да лансира бомба кон САД.
Пјонгјанг оваа година изврши повеќе ракетни и нуклеарни проби.
