Масовно труење со храна во ирачки бегалски камп
13.06.2017 14:33
По вчерашната вечера во кампот Казир, се затруле 752 лица. А најмалку 300 од нив се во критична здравствена состојба.

Жена и дете починале од последици на труење со храна, а стотици биле затруени во ирачки камп за раселени лица во близина на Мосул.
По вчерашната вечера во кампот Казир, се затруле 752 лица. А најмалку 300 од нив се во критична здравствена состојба.
Храната, обезбедена од невладина органзиација од Катар, била послужена за ифтар, вечерен оброк со кој муслиманите го завршуваат денот на пост за време на месецот Рамазан.
