Заев и Верушевски на распит во СЈО за случајот „Таргет“
13.06.2017 14:39
Случајот беше отворен на 18-ти ноември, кога СЈО откри дека вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од УБК во период од 2008-ма до 2015-та година.

Специјалното јавно обвинителство ги повика премиерот Зоран Заев и поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски да дадат искази за случајот „Таргет“, за незаконското следење на комуникациите од страна на УБК.
Случајот беше отворен на 18-ти ноември, кога СЈО откри дека вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од УБК во период од 2008-ма до 2015-та година.
Десетмина поранешни и сегашни вработени во УБК се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба и незаконски прислушувале.
