Финансиска поддршка за иновативни бизнис идеи
Три бизнис идеи со поддршка на акцелераторот СЕЕД Хаб ќе ја добијат својата комерцијализација. Проектите за виртуелно уредување на просторот, развивање на органска козметика во социјално претпријатие и производство на здрава храна добија по 4.000 долари финансиска поддршка. Иноваторите очекуваат развивање добар бизнис...

Виртуелно уредување на простор, развивање на органска козметика во социјално претпријатие, производство на здрава храна- ова се проекти кои добија по 4.000 долари за поддршка во еден од домашните акцелератори. Иноваторите очекуваат развој на бизинисот.
За трите бизнис, идеи кои ќе бидат комерцијализацирани, веќе постои голем интерес.
Компаниите учесници во Акцелераторската програма создадена за сериозни старт- ап бизниси и микро компании, треба да креираат соодветно решение за проблеми и да придонесат со продукт на пазарот.
Преку оваа програма, освен пари, се обезбедуваат и тренинзи за новите бизниси.
Дијана Ценевска
