Нова затворска казна за Алексеј Навални
13.06.2017 15:29
Стотици демонстранти се уапсени во Москва, Санкт Петербург и други градови во Русија.

Рускиот опозициски лидер кој води кампања против корупцијата во земјата, Алексеј Навални доби затворска казна од 30 дена, ден по протестите против претседателот Владимир Путин.
Стотици демонстранти се уапсени во Москва, Санкт Петербург и други градови во Русија.
Земјата влегува во предизборен период кој ќе кулминира во март со гласањето за претседател.
Се очекува дека граѓаните ќе му дадат уште еден шестгодишен мандат на Путин.
