Потребни се реформи и екипирање на јавната администрација

13.06.2017 15:41

Во јавната администрација има превработеност, но и недостиг од стручен кадар – тврди министерот Манчевски. Организираше дебата за потребните реформи со претставници на меѓународната заедница, експерти, граѓански организации, медиуми. Учесниците констатираа дека е потребна стратегија. Се размислува за двосменско работење, како и за укинување на казните...

На вработените со несоодветно образование не може да им се најде работно место, костатирале надлежните. Од Владата велат дека секоја институција се соочува со проблеми кога е во прашање јавната администрација, а како причини ги наведуваат превработеноста или недостигот од стручен кадар. Според нив, сенеопходни координација и трансформација со преземање вработени од една институција во друга.

„Предвидуваме унапредување на моделот на оценување на службениците и укинување на мерките на слаб ефект. Оваа влада има обратен принцип на работа- не сакаме да ги казнуваме луѓето, туку да ги мотивираме со награда оние што работат повеќе и подобро. Ако покажат подобри резултати, ќе бидат наградени. Притисоците мора да еднаш за секогаш да престанат“, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Манчевски рече дека се размислува за воведување двосменско работење на администрацијата и флексибилно работно време со доаѓање на работа од 7:30 до 8:30 часот, а одење од работа од 15:30 до 16:30 часот. И генералниот секретар на Владата, смета дека е неопходни стручна и ефикасна администрација.

„Пребројноста треба да не плаши во смисла на оптеретување на државниот буџет, но од друга страна не треба да не плаши бидејќи сите тие луѓе доколку ги ставите во функција на извршување на некои општествени задачи, можат да бидат корисни за целокупното општество“, изјави Драги Рашковски, генерален секретар на Владата.

Според надлежните Владата сака да го чуе мислењето на граѓаните и експертите и вети дека нема да носи брзи закони. Од граѓанските организации своите предлози и сугестии му ги соопштија на министерот за информатичко општество и администација.

Надлежните најавија ревидирање на регистарот на вработени во јавната администрација.

Наташа Јанчиќ