Средба Димитров- Коѕиас во Атина

14.06.2017 08:11

Министерот Димитров попладне ќе се сретне и со грчкиот преседател Прокопис Павлопулос, а потоа и со Јоргос Кумуцакос, кој е одговорен за надворешната политика во најголемата опозициска партија, Нова демократија.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров е во Атина на средба со грчкиот министер Никос Коѕиас. По состанокот двајцата министри ќе одржат прес конференција.

Министерот Димитров попладне ќе се сретне и со грчкиот преседател Прокопис Павлопулос, а потоа и со Јоргос Кумуцакос, кој е одговорен за надворешната политика во најголемата опозициска партија, Нова демократија.

Димитров пред посетата во интервју за „То Вима“ рече дека Македонија долго време е оставена во чекалницата на НАТО и на Европската унија, пред затворена врата, иако тоа е во спротивност на одлуката на Меѓународниот суд во Хаг.

Изрази подготвеност за конструктивни преговори, а смета дека двете страни треба да им пристапат со добра волја.