Тече рокот за пријавување на штети од невремето во тетовско

14.06.2017 10:32

Земјоделците од тетовско можат да поднесуваат барања за проценка на штетите од невремето од 5-ти јуни што го зафати овој регион. Првичните проценки се дека од поројниот дожд и надојдените води настрадаа скоро 50 хектари со овошни, градинарски и со житни култури.

До 16-ти јуни земјоделците можат да поднесуваат барање за проценка на штетите од невремето што минатата недела го зафати тетовскиот регион.

Според првичните согледувања од поројните води се настрадани околу 50 хектари со земјоделски култури, најмногу со овошни, градинарски и со житни насади.

Во прилог на барањето земјоделците треба да достават фотокопии од личните документи, трансанциска сметка и документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште.

За проценка на штетите се формирани 2 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има предизвикано штети.

Обесштетувањето ќе се врши преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, по увидот од комисиите и проценката од страна на Бирото за судски вештачења.

 

Методија Трајков