Пожар во станбена висококатница во Лондон, најмалку 30 повредени

14.06.2017 10:35

Полицијата соопшти дека во зградата позната како „Гренвел Тауер“ која се наоѓа во северен Кенсингтон се наоѓаат луѓе кои се евакуираат. До сега се повредени најмалку 30 лица, и тие се сместени во пет болници.

Околу 200 пожарникари со 47 противпожарни возила се борат со огромен пожар во станбена зграда на 27 ката што се наоѓа во западниот дел од Лондон.

Полицијата соопшти дека во зградата позната како „Гренвел Тауер“ која се наоѓа во северен Кенсингтон се наоѓаат луѓе кои се евакуираат. До сега се повредени најмалку 30 лица, и тие се сместени во пет болници.

Спасувачките екипи продолжуваат да ги извлекуваат станарите од зградата со 120 станови.

Пожарот избил околу еден часот по полноќ и засега не се знае причината. Според властите постои можност од пожарот зградата да се урне.