ВМРО-ДПМНЕ: СДС не смее да си поигрува со највисоките национални и државни интереси

14.06.2017 10:42

Според партијата, една конфузна и незрела изјава на новиот министер за надворешни работи Никола Димитров во „Фајненшл тајмс“ покрена лавина реакции во меѓународните медиуми кои сериозно ги поткопуваат тешко градените позиции во спорот со Грција.

Социјал- демократскиот сојуз не смее да си поигрува со највисоките национални и државни интереси и да се однесува несериозно по прашања како што е проблемот што го има Грција со нашето име, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, една конфузна и незрела изјава на новиот министер за надворешни работи Никола Димитров во „Фајненшл тајмс“ покрена лавина реакции во меѓународните медиуми кои сериозно ги поткопуваат тешко градените позиции во спорот со Грција.

Социјал- демократскиот сојуз сега ги води владата и министерството за надворешни работи и има обврска да се бори и да го брани македонскиот идентитет.

Социјал- демократите мора да го остварат ветувањето и да ја внесат Македонија во ЕУ и во НАТО без да задираат во идентитетските прашања и да склучуваат договори на штета на македонскиот народ, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.