Европскиот Парламент ќе гласа за резолуцијата за Македонија
Европратениците веќе дебатираа за извештајот и за ситуацијата во Македонија за време на мајската сесија, откако претходно беше одложено гласањето поради политичката ситуација во Македонија.

Европскиот Парламент (ЕП) денеска ќе гласа за резолуцијата за Република Македонија, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016-та година.
Европратениците веќе дебатираа за извештајот и за ситуацијата во Македонија за време на мајската сесија, откако претходно беше одложено гласањето поради политичката ситуација во Македонија.
Со резолуцијата, која беше усвоена од Комисијата за надворешни работи на ЕП, уште еднаш се препорачува започнување преговори за членство на Република Македонија во Европската унија.
Резолуцијата предложена од словенечкиот европратеник Иво Вајгл е ставена на дневен ред за гласање заедно со резолуциите за Србија и за Косово.
