Чавушоглу во Катар во обид за дипломатско решение на кризата

14.06.2017 11:10

Турскиот претседател Ердоган ја осуди изолацијата на Катар како „нехумана и против исламските вредности“. Ердоган истакна дека методите, кои се употребуваат против таа заливска земја се неприфатливи.

Турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу денеска ќе отпатува во Доха, а потоа и во Саудиска Арабија во дипломатски обид да се надмине кризата меѓу Катар и арапските држави.

Турскиот претседател Ердоган ја осуди изолацијата на Катар како „нехумана и против исламските вредности“. Ердоган истакна дека методите, кои се употребуваат против таа заливска земја се неприфатливи.

Минатата недела Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет, Бахреин и уште неколку арапски и муслимански држави ги прекинаа односите со Катар обвинувајќи го за поддршка на исламски екстремисти и на Иран.