Јемен: Епидемијата на колера излегува од контрола
Експертите посочуваат дека илјадници лица можат да умрат од болеста следните месеци, и додаваат дека постои можност да се заразат и до 300 илјади лица.

Меѓународната хуманитарна организација „Спасете ги децата“ предупредува дека епидемијата на колера, што го зафати Јемен, излегува од контрола, и дека секоја минута се разболува по едно дете.
Експертите посочуваат дека илјадници лица можат да умрат од болеста следните месеци, и додаваат дека постои можност да се заразат и до 300 илјади лица.
Организацијата нагласи дека бројот на заболените деца тројно се зголемил изминатите недели.
Епидемијата изби кон крајот на април и според УНИЦЕФ досега починале над 920 лица, а регистрирани се 124 илјади случаи на заболувања, од кои речиси половина се деца.
